Huawei и официјално е најголемиот производител на телефони во светот

од Vladimir Zorba

Во вториот квартал на 2020 година, за прв пат од основањето, Huawei продаде повеќе телефони од најголемите конкуренти, Samsung и Apple.

„Canalys“ објави дека Huawei успеа да го собори до сега неспорниот Samsung како најголем производител на телефони со продадени 55,8 милиони уреди.

Интересно е да се напомене дека ова е, всушност, пет проценти помалку од нивните резултати од истиот период минатата година, додека Samsung забележа пад на продажбата од дури 30 проценти со продажба од 53,7 милиони.

Причината за ваквите бројки секако лежи во пандемијата на коронавирус што го зафати целиот свет, вклучително и производителите на телефони.

Во исто време, Huawei продава 70 проценти од своите уреди во Кина, каде што ситуацијата со короната е под контрола последниве четири месеци, за разлика од остатокот на светот.

Слични содржини