Huawei има испорачано 1 милион уреди со оперативниот систем HongMeng

од Vladimir Zorba

Huawei веќе испорачала 1 милион парчиња смартфони со сопствениот оперативен систем HongMeng, покажуваат податоците на компанијата Rosenblatt Securities. Уредите се за тестирање и, според информациите, оперативниот систем е компатибилен со сите апликации на Android и вклучува подобрени функции за приватност.

„China Daily“ цитира зборови на раководителот на корисничкиот бизнис на Huawei, Ричард Ју, кој споделил во „WeChat“ разговор дека оперативниот систем треба да е подготвен најрано во есента оваа година или најдоцна во пролетта следната. Може да се користи на мобилни телефони, компјутери, таблети, телевизори, автомобили и преносни уреди.

Неодамна стана јасно дека компанијата го патентира името HongMeng во голем број земји, вклучувајќи ги Канада, Јужна Кореја, Мексико и некои земји во Европа.

Различни извори сепак покажуваат дека името на оперативниот систем надвор од Кина може да биде Ark OS.

Слични содржини