Huawei испорачала 1 милион уреди со оперативниот систем HongMeng

од Vlatko K

Huawei веќе испорачала 1 милион парчиња смартфони со сопствениот оперативен систем
HongMeng, покажуваат податоците на компанијата Rosenblatt Securities. Уредите се за тестирање и,
според информациите, оперативниот систем е компатибилен со сите апликации на Android и
вклучува подобрени функции за приватност.


„China Daily“ цитира зборови на раководителот на корисничкиот бизнис на Huawei, Ричард Ју, кој
споделил во „WeChat“ разговор дека оперативниот систем треба да е подготвен најрано во есента
оваа година или најдоцна во пролетта следната. Може да се користи на мобилни телефони,
компјутери, таблети, телевизори, автомобили и преносни уреди.

Неодамна стана јасно дека компанијата го патентира името HongMeng во голем број земји,
вклучувајќи ги Канада, Јужна Кореја, Мексико и некои земји во Европа.
Различни извори сепак покажуваат дека името на оперативниот систем надвор од Кина може да
биде Ark OS.

Слични содржини