Huawei ја промовираше P40 серијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Huawei ги претстави своите револуционерни модели HUAWEI P40 Pro+, HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40. Новите предводници на P40 серијата доаѓаат со врвен дизајн и важни иновации на камерите кои радикално ги прошируваат можностите на мобилната фотографија и видеографија.

Серијата HUAWEI P40 ја продолжува традицијата да се биде лидер во визуелните уметности. Со невиден сензор од 1/1.28-инчи, големина на пиксели од 2.44μm, што доловува уште повеќе светлина и постигнува претходно незамисливи резултати при снимање со слаба светлина. Дизајнот на перископот, пак, го обезбедува 10x повеќекратниот оптички зум. Сите предводници на сериите Huawei P40 се засноваат на чипсет Kirin 990 5G и поддржуваат брза мрежа 5G и Wi-Fi 6 Plus. Софистицираниот хардвер е вграден во компактно тело што го вклучува и екранот HUAWEI Quad-curve Overflow, кој нуди неверојатно искуство.

„P сериите на HUAWEI отсекогаш биле поврзани со иновативна естетика и хардвер за обработка на првокласни фотографии што ја демократизираат врвната фотографијата. Оваа серија е олицетворение на најдоброто од индустрискиот дизајн и технологија. Со исклучителен сензор, Leica оптика, моќен чипсет и HUAWEI XD Fusion Engine, HUAWEI P40 го отелотворува нашиот фокус и нуди возбудливи можности за потрошувачите да ја изразуваат својата креативност секој ден, во секоја ситуација“, изјави извршниот директор на HUAWEI, Ричард Ју .

HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+ се опремени со HUAWEI Quad-curve Overflow дисплеј. Инспириран од уметноста на движењето во природа, дисплејот е заоблен од сите страни, вклучувајќи ги и аглите, и создава чувство на прелиена чаша вода. Супер тенките рамки и заоблените агли оставаат впечаток на бесконечна слика, и сте впуштени во чувство на удобно и лесно држење. Напредниот скенер за отпечатоци на екранот нуди 30 проценти побрзо биометриско препознавање.

Достапни во три сјајни варијанти – Ice White, Deep Sea Blue и Black – и во две варијанти на замрзнато, мат стакло – Blush Gold и Silver Frost, HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 носат класична софистицираност од секој агол. HUAWEI P40 Pro+ има софистициран нанотехнолошки керамички заден панел кој ја задржува својата неверојатна издржливост и траен стил со текот на времето. Овој уникатен дизајн доаѓа во две иконски бои: White Ceramic и Black Ceramic.

Предводниците на серијата HUAWEI P40 доаѓаат со напредниот фотографски систем Ultra Vision Leica, со три, четири и петкратни камери. HUAWEI P40 дава извонредни фотографски резултати со ултра широк агол, широк агол и телефото леќи. Во HUAWEI P40 Pro е вклучена еволуцијата на Leica Quad Camera со помоќна Ultra-Wide Cine Camera и ToF Camera, заедно со 50x SuperSensing зум. HUAWEI P40 Pro+ им овозможува на корисниците да го видат невидливото со SuperZoom Array, кој поддржува 10x оптички зум и 100x дигитален зум.

HUAWEI Ultra Vision сензорот, вклучен во сите предводници на серијата HUAWEI P40, е инженерско чудо што ја револуционизира технологијата на сензори засновани на пиксели. Со дијагонала од 1/1.28 инчи, поддржува комбинирање на пиксели за да се постигне големина на пиксели од 2.44μm и Full Pixel Octa PD AutoFocus за голем брзински фокус во кое било време од денот, додека HUAWEI XD FUSION Engine користи вештачка интелигенција за подобрување на репродукцијата на деталите на какво било можно осветлување.

HUAWEI P40 Pro може да ги зумира далечните објекти со 5x оптички зум, 10x хибриден зум и 50x дигитален зум. За прв пат досега, 5x Optical Telephoto Camera на HUAWEI P40 Pro вклучува низа на филтер за боја RYYB за зајакнување на внесот на светлина и подобрување на квалитетот на зумираните снимк. HUAWEI P40 Pro+ исто така нуди нов дизајн SuperZoom Array со перископ кој ја одбива светлината пет пати, продолжувајќи го својот опсег за 178 проценти и постигнува вистинско 10x оптичко зголемување. Оптички стабилизираната главна камера на Ultra Vision и SuperZoom Array работат заедно со AI за да обезбедат тројна стабилизација на OIS+AIS, како на фотографија, така и на видео.

Телефонот има нов Multi-spectrum сензор за температура и боја со повеќе спектар и AI AWB алгоритам кој ја подобрува точноста на бојата за 45 проценти. Комплексните алгоритми за машинско учење ги оптимизираат портретите во реално време. HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+ имаат 32MP AF Camera и IR Depth Camera што го поддржуваат автоматскиот фокус и bokeh ефектите за неверојатни портрет снимки со кои се запознаени сите уреди на Huawei. Предните камери исто така работат со IR препознавање на лицето за безбедно отклучување на вашиот уред, без оглед на условите на осветлување и на околината во која сте. Предводниците на серијата Huawei P40 се исто така со HUAWEI Golden Snap – нова функција на галеријата што користи AI за да ги избере најдобрите кадри при движење. Вештачката интелигенција исто така ги отстранува несаканите предмети и сјајот од кадарот, дозволувајќи им на корисниците лесно да ги подобрат своите фотографии по нивното сликање.

Новата 40MP Ultra-Wide Cine Camera во HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+ има ултра широк објектив со фокусна должина еднаква на 18mm и сензор од 1/1.54-инчи кој го поддржува истиот 3:2 сооднос. Камерата вклучува Sedecimpixel Fusion технологија за поддршка на 16-во-1 пиксели што репродуцираат 4.48μm супер пиксели кои ја зголемуваат чувствителноста до ISO51200 и овозможуваат снимање на 7680fps Ultra Slow-Motion видео.

Предводниците на серијата HUAWEI P40 поддржуваат bokeh ефекти во реално време при снимање видео. Оваа одлика ги симулира ефектите на леќите со широк агол со додавање на засилен bokeh ефект за да се потенцира главниот предмет во кадарот. Телефото камерата може да снима снимки со висока резолуција, како и видеа со 4K резолуција. Исто така, постои функција за Audio Zoom што го симулира пристапот на звукот како што се приближува сликата.

Предводниците на серијата HUAWEI P40 се напојуваат со чипсет Kirin 990 5G, кој обезбедува интегрирана 5G конекција со најсеопфатна 5G поддршка, стабилни перформанси на AI и енергетска ефикасност со помала физичка големина од кој било од неговите претходници. HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+ имаат 90Hz панел. Технологијата WI-FI 6 Plus со 160MHz поддржува и трансфер на податоци од 2,400Mbps. За брзо и удобно полнење на HUAWEI P40 Pro+, уредот има 40W безжично SuperCharge полнење. Чипот дава извонредни перформанси благодарение на најнапредните системи за ладење, вклучувајќи го и хибридното решение 4-во-1 Supercool во HUAWEI P40 Prо, кој обезбедува одлично ладење.

Оперативниот систем EMUI 10.1 воведува голем број на нови функции кои овозможуваат побогат, подобар AI живот. HUAWEI MeeTime поддржува видео повик од 1080p со Full HD на Huawei смартфоните, таблетите и HUAWEI Vision телевизорите и обезбедува јасен квалитет на сликата дури и при слаби услови. Корисниците исто така можат да го споделат својот телефонски екран со другата страна за време на видео повик и белешки за брзо споделување на мислите.

Huawei Share го олеснува брзото пренесување на датотеки помеѓу паметниот телефон и другите уреди, како што се таблети и компјутери. Со Huawei Share на HUAWEI P40 сериите, потрошувачите можат да пренесат музика до паметен звучник, да иницираат проекција на екранот и да се поврзат на Wi-Fi со допирање на уредот2 со кој сакаат да се поврзат со нивниот телефон. Новата функционалност додадена во Multi-screen Collaboration им овозможува на корисниците лесно да одговараат видео или говорни повици директно преку компјутер и да отвораат датотеки и линкови на паметен телефон со компјутерски апликации за подобрена продуктивност.

Во соработка со глобални развивачи, Huawei нуди широк спектар на глобални и локални апликации на AppGallery, официјалниот пазар на апликации на Huawei. Корисниците исто така можат да уживаат во богата библиотека со квалитетни медиуми за забава на HUAWEI Video, HUAWEI Music и HUAWEI Reader, со нови додатоци од врвни провајдери на содржини кои се додаваат континуирано.

Заедно со серијата HUAWEI P40, Huawei ги претстави и HUAWEI WATCH GT2e, HUAWEI Sound X и најновите очила Пролет/Лето 2020 HUAWEI X GENTLE MONSTER, дополнително збогатувајќи го опсегот на производи за сите сценарија дизајнирани да им помогнат на потрошувачите да имаат подобро и целосно дигитално искуство.

Слични содржини