Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Huawei со приход од 64,2 милијарди долари за првата половина на 2020 година

Huawei со приход од 64,2 милијарди долари за првата половина на 2020 година

Huawei официјално ги претстави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година. Во овој период, компанијата оствари приход од 454 милијарди кинески јуани (64,2 милијарди американски долари), што претставува зголемување од 13,1% во однос на истиот период минатата година. Нето профитната маржа е 9.2% . Различните бизниси на Huawei ги остварија следниве приходи за истиот период: Huawei Carrier Business Group – 159,6 милијарди кинески јуани (22,5 милијарди американски долари), Huawei Enterprise Business Group – 36,3 милијарди кинески јуани (5 милијарди долари). Најимпресивните резултати беа забележани кај Huawei Consumer Business Group, кои остварија приход од 255,8 милијарди кинески јуани (36,2 милијарди американски долари).

Во ситуацијата на борба против пандемијата предизвикана од КОВИД-19, информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) станаа клучна алатка во борбата против вирусот и економско закрепнување. Huawei ја потврди својата заложба да работи со оператори и партнери во индустријата за одржување стабилно мрежно работење, забрзување на дигиталната трансформација и поддршка за локалните проблематични области и обнова на економијата.

Сложеното надворешно опкружување придонесе кон зголемување на важноста за уште поотворена соработка и зголемена доверба во вредноста. Huawei вети дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон клиентите и добавувачите, да ги надминат тешкотиите и да одат напред, додека придонесува за глобалната дигитална економија и технолошки развој, без оглед со какви предизвици се соочува компанијата.

loading...