Хумани и великодушни: Овие ѕвезди донираа за Австралија по пожарите

од Elena Daskalova

Голем број светски музички, актерски и спортски имиња одлучија да ја покажат својата хумана и емпатична страна и да донираат пари за борбата против пожарите кои ја зафатија Австралија.

Актерот Крис Хемсворт донираше еден милион австралиски долари, пејачките и сестри Кајли и Дени Миног донираа заеднички 500.000 долари, а во ова се вклучија и Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан.

Расел Кроу е активно вклучен во помагање на терен, а истото го прави и актерката Ребел Вилсон. Донации ветија и Кајли Џенер, Лизо, Шон Мендес, Елен Деџенерис и Патриша Аркет. Организацијата на Леонардо Дикаприо, „Earth Alliance“ ќе одвои 3 милиони долари за спас на Австралија.

Елтон Џон објави дека ќе одвои еден милион долари, а Металика, како бенд, донирале 500.000 долари на противпожарните служби.

Донираа и Марго Роби, Наоми Вотс, Хју Џекман и Селена Гомез, но не соопштија колкава сума е во прашање. Луис Хамилтон, Марија Шарапова и Новак Ѓоковиќ соопштија дека ќе донираат дел од своите заработувачки, додека Роже Федерер, Рафаел Надал и Серена Вилијамс ветиле дека ќе одиграат хуманитарен меч, чии приходи ќе одат како донација.

Слични содржини