Хуманитарен настан – Апел за помош на Украина

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Генералниот Секретар на Црвен Крст Саит Саити, утре, среда, 16 март 2022 година, ќе организираат хуманитарен настан за собирање помош за Украина, апелирајќи преку Стопанските комори до компаниите за хуман гест и донација на средства или нивни производи. Воедно Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка.

Настанот ќе се одржи во просториите на логистичкиот центар на Црвениот Крст во Момин Поток ул. 1506 Скопје, во присуство на амбасадорката на Украина, Наталија Задоружњук.

Слични содржини