Хуманитарна акција во градинката „Мимоза“ во Кисела Вода

од Aleksandar Petrovski

По повод „Детската недела“, под мотото „Ние сме мали хуманитарци со големо срце“, градинката „Мимоза“, која е во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, спроведе голема хуманитарна акција.

Родителите на дечињата и вработените, на докажаната хуманитарна организација на скопската православна епархија при МПЦ „Свети Спас“ и донираа прехранбени производи, соопшти Општина Кисела Вода.

-Да продолжиме да бидеме хумани, да продолжиме да ги учиме и насочуваме најмладите да бидат солидарни и секогаш да им помагаат на оние на кои им е најпотребна помош во животот, повикуваат од Општината.

Слични содржини