Хуманост на дело: Деан од Виница донира крвна плазма за да спаси пациенти заболени од Ковид19

од Берта Китинска

Деан Ристов од Виница со дарувањето на крвна плазма покажа вистинска хуманост, следејќи го својот човечки инстинкт да помогне на пациентите кои во моментов се соочуваат со ковид-19

„Првпат дарувам крв и планирам да продолжам со дарување. Во август заболев од ковид-19, за среќа имав полесна клиничка слика, со симтоми како омалаксаност, без осет за мирис и вкус и по моето успешно заздравување одлучив да помогнам таму каде што е навистина неопходно. Апелирам тоа да го сторат и останатите оздравени пациенти кои имаат можност за тоа“, вели Деан Ристов од Виница.

Слични содржини