Хуманост на дело: Ги ослободил 200 потстанари од кирија додека трае епидемијата

од Nikola Popovski

Сопственик на станови во Бруклин објавил дека поради пандемијата на коронавирус ќе се откаже од киријата на околу 200 потстанари за месец април.

На 30 март, Американецот Марио Салерно (59) објавил известување на влезната врата од неговата станбена зграда што им донело олеснување на неговите станари и насмевка на нивните лица.

„Поради пандемијата на коронавирус што нè погодува сите, имајте на ум дека се откажувам киријата за април“, се вели во известувањето.

Салерно поседува околу 80 станови со околу 200 потстанари распоредени низ населбите во Бруклин. Тој ја донел одлуката, како што кажа, кога слушнал дека многумина од станарите имаат големи финансиски проблеми заради епидемијата.

Запрашан од новинарите колку долго би бил во загуба, Салерно рече дека здравјето му е поважно.

„Сакам сите да бидат здрави“, рече тој.

Салерно наследил бензинска пумпа од неговиот татко и станал добро познат и почитуван во соседството. Во интервју за американскиот Ен-Би-Си, Салерно вели дека му е поважно здравјето на луѓето и да не бидат гладни.

„Велам, не грижи се да ми платиш, грижи се за твојот сосед и се грижи за твоето семејство“, рекол овој сопственик.

Една од неговите потстанари,  морала да го затвори својот салон за коса, па останала без приходи. Таа не знаела како ќе ја плати киријата и веќе се плашеча дека ќе мора да се врати за да живее со родителите.

„Тој е Супермен. Прекрасен човек “, опишала фризерката на Салерно.

Слични содржини