Hyundai Mufasa Adventure

од Vladimir Zorba

Hyundai ќе започне со продажба на новиот SUV модел што го именуваше Mufasa (по ликот од цртаниот филм на „Дизни“, The Lion King) во Кина подоцна оваа година.

Оваа Hyundai Mufasa Adventure, која се одликува со поагресивен изглед, со големи тркала и теренски гуми, бранови на браници, затемнети стакла и багажник на покривот, служи како најава за идниот сериски модел.

Најавениот сериски модел е возило со пет седишта, должина 4475 mm, ширина 1850 mm и висина 1685 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2680 mm.

Во внатрешноста ќе најдете мултифункционален волан, како и голем издолжен дисплеј кој комбинира виртуелна табла со инструменти и екран на допир на инфозабавниот систем.

Засега е познато дека серискиот модел ќе го придвижува 2,0-литарски бензински мотор со 118 kW/160 КС.

Овој SUV тежок 1910 килограми ќе може да достигне максимална брзина од 187 km/h.

Слични содржини