И без СМС верификационен код, граѓаните можат да се пријават за вакцинација против Ковид 19

Министерството за здравство ја пушти во употреба веб страницата за пријавување за вакцинација против Ковид 19.

Попладнево имаше технички проблеми со истата, но истите беа остранети. Меѓудругото, од граѓаните беше потребен и верификационен код од мобилните телефонски за успешна регистрација, но поради нефункционалноста ова поле беше отстрането.

Во текот на денот неколку пати веб страницата беше и недостапна, односно се појавуваше серверска грешка поради оптеретеност.

Веб страницата за пријавување за вакцинација е: https://vakcinacija.mk/

Слични содржини