И бројки и магија: Неверојатно е што прави Кристијано на 37 години

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите, шири магија и поставува рекорди и продолжува да го спасува својот тренер Оле Гунар Солскјер, кого вчера вечерта го надмина по бројот на голови во црвениот дрес!

Имено, Португалецот му донесе голем бод на својот тим против Аталанта во Бергамо (2:2), што беше негов 127 гол во дресот на Манчестер Јунајтед, на 303 натпревари.

Солскјер постигна 126 и одигра повеќе натпревари (366).

Роналдо го подобри и рекордот на вечната листа на најдобри стрелци на елитното европско натпреварување со својот 139. гол во Лигата на шампионите, каде на Лионел Меси му „бега“16 гола.

CR7 вчера во Бергамо со 36 години и 270 дена стана најстариот играч кој постигнал два гола на еден натпревар од Лигата на шампионите.

Покрај тоа, тој стана првиот играч на Манчестер Јунајтед по Руд ван Нистелрој кој постигнал голови на четири натпревари во Лигата на шампионите по ред.

Роналдо им даде еден гол на Јанг Бојс, еден на Виљареал и три на Аталанта и директно им ги донесе на ѓаволите сите седум бода во Лигата на шампионите оваа сезона.

Слични содржини