И да ја освои титулата, Зидан заминува на крајот од сезоната?

од Vladimir Zorba

Како што стојат работите, Зинедин Зидан ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид на крајот од сезоната, без оглед како клубот ја завршува сезоната.

Така барем тврдат изворите на „Дејли меил“ кои одат дотаму што веќе знаат кои се неговите опции, како и кој ќе го наследи на чело на кралскиот клуб.

Според тие извори, Зидан веќе донел одлука да го напушти кормилото на Мадрид, по 23 мај и последниот натпревар во сезоната, на домашен терен против Виљареал.

Тој се споменува како можна цел на Јувентус, во случај да ја прекинат соработката со Андреа Пирло.

Исто така, се споменува можноста, во случај на неуспех на ЕП 2020, Зидан да стане селектор на француската репрезентација, наместо Дидие Дешамп.

Од друга страна, Реал би морал брзо да најде наследник во случај на заминување на Французинот, со кого имаше многу успеси во изминатите години.

Многумина веруваат дека претседателот Флорентино Перез е подготвен да го препушти кормилото на легендата на клубот, Раул Гонзалес, кој сега го предводи младиот тим на кралскиот клуб.

Сепак, не треба да се исклучи можноста за доаѓање на поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Слични содржини