Актуелно
Почетна / Спорт / И фудбалерите на Челси паднаа на колена (фото)

И фудбалерите на Челси паднаа на колена (фото)

Тотален хаос владее во САД неколку дена откако беше убиен Џорџ Флојд.

Флојд почина од бруталноста на полицијата, што предизвика голем гнев кај граѓаните на Америка. Големи протести се одржуваат скоро секој ден во целата земја, а граѓаните бараат правда за убиството на Флојд.

Тој дури неколку пати се обидел да ѝ каже на полицијата дека не може да дише, но тие не го слушале. Откако било потврдено дека полицајците го убиле Флојд, започнале големи протести, но и немири низ целата земја.

Многу познати спортисти, но и клубови од целиот свет ја дадоа својата поддршка за фактот дека на расизмот повеќе не му е место во светот. Како знак на протест против настаните во Америка, фудбалерите на Ливерпул паднаа на колена, а денес фудбалерите на Челси го сторија истото.

 

loading...