Почетна / TOP NEWS / И Германија се сомнева во руската вакцина

И Германија се сомнева во руската вакцина

Германија денес изрази сомнеж за квалитетот и безбедноста на руската вакцина против коронавирус и истакна дека лекот може да се регистрира во Европската унија само по сите клинички испитувања.

– Безбедноста на пациентите е најголем приоритет. Нема податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина – рече портпаролот на Министерството за здравство за германската мрежа РНД.

Претходно денес и министерот за здравство на САД, Алекс Азар изрази сомнеж, откако изјави дека не е важно кој прв излегол со вакцината, туку таа да биде безбедна.

– Не е важно кој ќе биде прв во добивање на вакцина. Важно е да се има вакцина која е ефективна и безбедна за американскиот народ и за сите луѓе во светот – изјави министерот денеска во емисијата „Добро утро Америка“ на Еј-би-си.

Според него, Русија одобрила вакцина пред завршувањето на финалната, трета фаза клинички испитувања, а сепак досега не објавила никакви научни податоци од првите две фази.

Рускиот претседател Владимир Путин утринава изјави дека Русија е првата земја што регистрираше вакцина против КОВИД-19 по помалку од два месеци тестирања врз луѓе.

loading...