И Кортни Кокс во карантин: Еве што гледа за тоа време

од Elena Daskalova

Актерката Кортни Кокс во изданието „Карантински минилози“ во шоуто на Џими Кимел, преку Јутјуб, откри како го мине времето во самоизолација.

Кокс, која во „Пријатели“ ја глумеше Моника, своето време го поминува токму со оваа популарна серија.

„Постојано ме прашуваат за серијата, но не се сеќавам многу, како да не сум била таму. Се сеќавам дека ги сакав сите таму и дека одлично се забавував. Но, ако треба да се сетам на секоја епизода, нема да можам, имам лоша меморија“, изјавила Кортни.

Ова шоу може да се нарече култно, бидејќи со секое репризирање собираше нови обожаватели, а некои од нив не биле ни родени кога почна серијата да се прикажува.

Слични содржини