И Лонзо Бол се повреди кај Лејкерси

од Vladimir Zorba

Плејмејкерот на Лос Анџелес Лејкерс, Лонзо Бол нема да игра во следните 4-6 седмици.

Бол доби исчашување на глуждот на левата нога во саботата при поразот со 134:138 од Хјустон, а истражувањата покажале дека повредата е од најсериозен трет степен.

Од почетокот на сезоната Бол, кој беше избран под број 2 во драфтот во 2017 година, има по 9,9 поени, 5,4 асистенции и 5,3 скока по натпревар.

Ноќва Лос Анџелес Лејкерс го пречекува шампионот Голден Стејт, а натпреварот го пропуштаат уште крилото Леброн Џејмс и бекот Ражон Рондо, кои исто така имаат повреди.

Слични содржини