И највалканиот јаглен поскапува поради кризата во Кина

од Vladimir Zorba

Кина никогаш не платила толку многу за највалканиот вид јаглен – ситуација која покажува како енергетската криза ги зајакнува енергетските пазари во Азија, пишува Блумберг.

Индонезиските цени на лигнитот се зголемија на околу 110-120 долари за тон оваа недела, поради зголемената побарувачка од Кина и намалениот принос на рударството во Калимантан, велат трговците. Минатата година, овој вид јаглен го смени сопственикот во некои случаи за 20-25 долари по тон.

Зголемената побарувачка за она што се смета за едно од најзагадувачките и енергетски неефикасни горива во светот, исто така, предизвикува загриженост за зголемените емисии на јаглерод од Кина оваа година. Овој вид на јаглен познат како 4200-ГАР, обично се меша со енергетски ефикасни типови.

Кинеските купувачи се фрлија на пазарот откако државните енергетски компании добија наредба да ја обезбедат потребната електрична енергија „по секоја цена“. Во исто време, приносот на овој вид јаглен беше погоден од поплави во Калимантан. Индонезија е најголемиот снабдувач на топлински јаглен во Кина.

Слични содржини