И ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА: Бил Гејтс почнува производство на вакцина против корона, ова се деталите

од Aleksandar Petrovski

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании да соработуваат во производството на вакцината за коронавирус, да се забрза и да се обезбеди дистрибуција на одобрената вакцина ширум светот што е можно поскоро.

– Фармацевтските компании се согласија да ги прошират своите капацитети за производство на лекови. На пример, лекот „ремдесивир“ е произведен од компанијата Гилеад, но дополнителни количини сега ќе се произведуваат во фабриките на компанијата Фајзер. Ниту една компанија никогаш не дозволи конкурент да ги користи своите фабрики на овој начин, а сега гледаме слична соработка кога станува збор за вакцините – изјави Бил Гејтс.

– Меѓу другото, компаниите се согласија да соработуваат во производството на вакцини и да го зголемуваат производството со невидена брзина, осигурувајќи дека одобрените вакцини ќе се дистрибуираат што е можно поскоро – рече тој.

Слични содржини