И официјално укинат полицискиот час, дозволени се забави на отворено во локалите

од Nikola Popovski

Владата ги прифати препораките на Главниот координативен штаб за олабавување на рестрикциите, со што е предвидено од утре повеќе да нема полициски час во С. Македонија. Според надлежните, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.

Исто така се укинува ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и се дозволува организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и по еден случај во Штип и Струмица.

Во изминатото деноноќие нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и по еден оздравен во Кичево, Гевгелија, Свети Николе и од Делчево.

Слични содржини