И официјално во скопско: Три силни земјотреса и десетина помали

од Vladimir Zorba

zemjotres-1

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно­математичкиот факултет во Скопје, денес, на 11.09.2016 год., регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во источниот дел на Скопското епицентралното подрачје.

Серијата започна со земјотрес во 06 часот и 58 минути, кој имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI­VII степени според Европската макросеизмичка скала. Во 06 часот и 59 минути, се случи друг земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV­V степени според Европската макросеизмичка скала.

По ова следуваа послаби и непочувствувани земјотреси. Најсилниот земјотрес на серијата се случи во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VII­VIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети ­ и во останатите делови на Република Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби.

По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани се околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири.

Слични содржини