И Пит Дејвидсон призна за свршувачката со Аријана Гранде

од Vladimir Zorba

Иако се знаеле само два месеца, пејачката Аријана Гранде и комичарот Пит Дејвидсон се уште се свршени. Веста исто така ја потврди Пит во шоуто на Џими Фалон.

Тој објасни дека гласините се апсолутна вистина. “Да, го направив тоа”, рече тој за просидбата, додавајќи дека се чувствувал како да победил на трка.

За врската меѓу двајцата стана јасно на крајот на мај оваа година, откако тие ја објавија својата слика во нивните профили за социјално вмрежување.

Дејвидсон и Гранде се вљубиле само неколку недели по разделбата со нивните поранешни момчиња. Гранде веќе беше забележана со веренички прстен, и сега е познато дека и тие живеат под еден покрив во еден стан во Менхетен.

Слични содржини