И покрај пресудата: Бензема нема да биде исклучен од репрезентацијата

од Vladimir Zorba

Францускиот фудбалски репрезентативец Карим Бензема нема да биде исклучен од националниот тим во случај на казна за учество во уцена на соиграч, изјави претседателот на Француската фудбалска асоцијација, Ноел Ле Грает.

„Селекторот е секогаш одговорен за селекцијата, а Бензема нема да биде исклучен поради евентуална судска казна. Дури и да биде осуден на условна затворска казна, тој сепак има право на жалба на пресудата. Неговиот повик или не во наредните месеци нема да биде поврзан со овој случај“, изјави Ле Грает.

Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет за соучесништво во обид да го уценува поранешниот соиграч од француската репрезентација Матју Валбуена во 2015 година, кога го притиснал да плати пари на уценувачите за да не го објави неговото порно видео.

„Никогаш нема да интервенирам да кажам дека не го викаме во тимот. После тоа, на Дидие Дешам е да размисли дали Бензема е способен да игра за репрезентацијата на спортски план“, додаде Ле Грает.

Да потсетиме, Бензема минатиот мај се врати во репрезентацијата по пауза од пет години за настап на Европското првенство.

Конечната пресуда за овој случај ќе ја донесе судот во Версај на 24 ноември.

Слични содржини