И покрај тврдењето за повеќе разговори, Милошоски и дал на Рускоска само еден аудио запис

од Vladimir Zorba

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на средба со обвинителката Вилма Рускоска во Обвинителството за организиран криминал и корупција ги предал аудио записите кои ги објавуваше на собраниската Комисија за европски прашања.

Милошоски кажа дека дал само еден разговор, оној од Комисијата, за потоа на новинарско прашање дали ќе го предаде и разговорот кој бараше да го објави на пленарна седница, а не доби дозвола од Собранискиот спикер Талат Џафери, тој рече ,,Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие“.

,,Направивме уреден запис и обвинителката рече дека ќе го вметне како доказ во обвинението за Меѓународниот сојуз. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирањена 1ТВ”, рече Милошоски.

На новинарско прашање, тој рече дека не се интересирал за неговиот случај, кој со новиот Закон за Јавно обвинителство е надлежност на ова обвинителството на Рускоска.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини