И покрај воведената кризна состојба: Угостителски објект и интернет-кафе во Дебар работеле

од Берта Китинска

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца жители на Дебар, едниот сопственик на угостителски објект, а едниот на интернет кафе, затоа што не не ја почитувале забраната за затворање на објектите. Прекршувањето било утврдено во текот на изминатото деноноќие, а во Дебар пред неколку дена беше прогласена кризна состојба поради коронавирусот.

„При извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници од ОВР Дебар констатирале дека Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата од Дебар, не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угосителски и други објекти пријавените во кои се собираат поголема група на граѓани, поради што ОВР Дебар поднесе кривични пријави против нив“ соопшти МВР.

МВР упатува апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Слични содржини