И се заглавила штиклата на гас, направила карамбол во центарот на Бања Лука (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука кога возило од марката Пежо влетало во излог на продавница.

Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.

Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.

И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.

Слични содржини