И Шакира го откажа настапот на свеченото отворање на Светското Првенство во Катар

од Destan Jonuzi

Колумбиската пејачка Шакира нема да настапи на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал во Катар. Според Marca, 45-годишната Шакира решила да го откаже настапот неколку дена пред почетокот на турнирот поради критиките кон Катар по прашањето за човекови права.

Претходно Дуа Липа и Род Стјуарт ја одбија можноста да бидат дел од свеченото отворање. Шакира е авторка на песната „Waka Waka“ која стана официјална химна на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Слични содржини