И српската полиција и демонстрантите се задушуваат во солзавец (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На почетокот на булеварот крал Александар, вечерва дојде до конфликт меѓу граѓаните и српските полициски сили. Отпрвин, камења летаа кон полицијата, која не реагираше, но потоа испукаа солзавец од оклопните возила со цел да ги растера демонстрантите. Сепак, бранот солзавец стигна до припадниците на полицијата поради ветрот, кои почнаа да се повлекуваат и кашлаат. Некои од демонстрантите повраќаат поради силното дејство на солзавец.

По вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување на полицискиот час во главниот град и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, неколку политички организации најавија собир за денес.

Слични содржини