И српската влада ги замрзна цените на намирниците

од Nikola Popovski

Како македонската, така и владата на Србија денеска ја усвои уредбата врз основа на која цените на храната остануваат замрзнати уште 90 дена. Со донесувањето на новата уредба и следните три месеци нема да се дозволи цените на шеќерот, брашното тип 400 и тип 500, долгорочното млеко со 2,8 отсто маснотии, свинскиот бут и маслото за јадење да го надминат нивото што го имаа на 15 ноември 2021 година.

Владата на Србија на денешната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на основните прехранбени производи: шеќер кристал во пакување од еден килограм, брашно тип Т-400 мазно, во пакување до пет килограми, вклучително и пет килограми, брашно од типот Т-500 во пакување до пет килограми, сончогледово масло за јадење во пакување од еден литар, свински бут и UXT млеко со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар, соопшти Владата на Србија.

Регулативата е донесена со цел дополнително да се заштити пазарот, „односно да се спречат деформации во формирањето на цените на овие стоки, кои се исклучително важни за понудата на потрошувачите, особено на посиромашните социјални категории“.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8 седница донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година.

Слични содржини