И СЗО е против полициски час

од Vladimir Zorba

Националното затворање треба да се користи само како „резервна“ мерка за контрола на коронавирусот, изјави специјалниот претставник на Светската здравствена организација за КОВИД-19.

Д-р Давид Набаро рече дека таквата мерка не треба да биде соодветна за сузбивање на ширењето на КОВИД-19, бидејќи Франција се подготвува да се затвори, а Германија воведува построги мерки.

Владата на Велика Британија соопшти дека ќе стори се што може за да се избегне национална блокада, и покрај притисокот од советниците за тоа.

Документ од Научната советодавна група за итни случаи (Sage) протече во јавноста и според него „разумното најлошо сценарио“ би било такво што 85.000 луѓе би можеле да ги загубат своите животи во новиот бран на коронавирус, додека 356.000 да бидат хоспитализирани.

Според д-р Набару, затворањето е многу екстремна мерка за ограничување на економскиот и социјалниот живот, што привремено го „замрзнува вирусот на место“, објави Гардијан.

Слични содржини