И тие му свртеа грб на Трамп: Највисоките воени лидери го осудија нападот во Конгресот

од Stefanija Kuzmanovska

Здружениот стожер на американските вооружени сили, воени лидери на различни гранки на војската, во вторникот испратија ретка заедничка порака до американските трупи во која се наведува дека насилните немири минатата недела биле напад врз уставниот процес на САД и биле незаконски.

Заедничката порака дојде по скоро една недела молк од страна на највисоките воени лидери по нападот на американскиот Конгрес, во кој упаднаа приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, принудувајќи ги пратениците да избегаат од насилството во кое животот го загубија пет лица.

Додека некои членови на администрацијата на Трамп, вклучително и министерот за одбрана Крис Милер, го осудија упадот во Конгресот, американскиот генерал и челник на Здружениот стожер на војската, Марк Мили досега не се огласуваше.

„Насилните немири во Вашингтон на 6 јануари 2021 година беа директен напад врз Конгресот на САД, зградата на Капитол и нашиот уставен процес“, рекоа седум генерали и еден адмирал во пораката до војниците, додавајќи дека војската останува посветена на заштита и одбрана на Уставот на земјата.

Слични содржини