И тоа се случи: ВАР го оштети Јувентус!

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Јувентус и Салернитана ремизираа 2:2, а тој натпревар го одбележа поништен гол на „старата дама“ во последната минута.

Милик по корнерот ја удри топката со глава, но се јави ВАР, а по снимката оцени дека Бонучи, кој стоеше на патеката на топката по ударот на Милик, се вмешал и со тоа влијаел на реакцијата на голманот Сепи. Поради тоа, голот не беше признат, што предизвика бура од реакции во редовите на Јувентус.

Но, во ВАР просторијата не виделе дека Антонио Кадрева е надвор од кадарот најблиску до Сепе, покрај изведувачот на корнерот. Тоа го остави Јуве без два бода. Ова е главна тема во денешните италијански медиуми, а сега се појавија и снимки од различни агли.

После тоа настана хаос на теренот, четири црвени картони добија тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, играчите Хуан Куадрадо и Милик, кој доби втор жолт картон поради соблекување на дресот, а на другата страна беше исклучен Федерико Фазио.

Слични содржини