И цената на гасот „рипна“ – вреди над 1.000 долари за илјада кубни метри

од Vladimir Zorba

Цената на гасот во Европа се искачи над 1.000 долари за илјада кубни метри за прв пат од крајот на јануари, во услови на растечки тензии околу Украина.

Според податоците на лондонската берза ICE, цената на овој извор на енергија пораснала за 13,7 отсто, пренесе TАСС.

Во холандскиот центар ТТФ цената на гасот за мартовските испораки (т.н. фјучерс договори) изнесуваше 1.031,8 долари за 1.000 кубни метри или 88 евра за мегават час.

Покрај гасот, во пораст е и нафтата, која утрово надмина 95 долари за барел.

Слични содржини