Намерата е преку Си-Ен-Ен како телевизија која му служи на актуелниот американски естаблишмент, да се предупреди на опасностите од Делта сојот со цел што повеќе Американци да бидат убедени да се вакцинираат, бидејќи процентот на вакцинирани во САД запре на околу 50 отсто, а земјата бележи рекорден број на позитивни на дневно ниво.

Само вчера во САД се регистрирани 92 485 нови позитивни лица, што е најмногу во светот, и 398 мртви, бројка што е меѓу првите пет во светот во апсолутна смисла, а не според број на заразени на милион жители.

Документот на Американскиот државен центар, меѓутоа, покажува и нешто друго, што создава дополнителен проблем: според него, целосно вакцинираните лица можат да го шират Делта сојот со иста брзина како и невакцинираните.

Директорката на Центарот, Рошел Валенски, која се залага за што ново задолжително носење маски и за вакцинирање на децата под 18 години, иако во Конгресот призна дека меѓу здравите деца на таа возраст нема смртни случаи, ја потврдила автчентичноста на документот.

„Ова е еден од најпреносливите вируси кој ни е познат“, изјавила таа.

За денеска е најавено дека Центарот со кој раковиди таа, би требало да ги објави новите препораки за вакцинираните лица.

Една од мерките би била дека во училиштата носењето маски повторно ќе биде задолжително.

Според Валенски, една заразена личност со Делта сојот, го пренесува вирусот на осум или девет други лица, за разлика од првата варијанта која еден заразен ја пренесуваше на две лица.

Според содржината на документот, а тоа е очигледната цел на неговото објавување, ризикот од тешка клиничка слика или смрт, кај вакцинираните е 10 пати помала во споредба со невакцинираните.

„Вакцините во 90 отсто случаи спречуваат тежок развој на болеста, иако не ги спречуваат инфекциите и преносливоста“, пишува во документот.