И вечерва мал одзив на протестите пред Собрание против договорот за името

од desk4

Протестите пред Собранието во Скопје против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција продолжија и денеска. Демонстрантите  во далеку помал број, бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Улицата е блокирана со различни реквизити  и десетици постари луѓе со знамињата на сонцето од Вергина..

Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Грција во Псарадес. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуаат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. По церемонијата делагициите од Македонија и од Грција ќе имаат средба и заеднички ручек во Отешево.

Слични содржини