И вечерва мал протест против промена на името пред Собранието

од desk4

 

Неколку стотини луѓе вечерва се собраа пред Собранието во Скопје на протест против договорот за решавање на спорот за името со Грција. Граѓаните скандираа “поддршка за Иванов”, “ оставка од Владата” и побараа да нема референдум за името.

Насобраните граѓани ја блокираа и крстосницата во близина на Собранието, а најавија дека блокадите ќе продолжат.

Протестите пред Собранието почнаа откако премиерот Зоран Заев објави дека е постигнат договор за решавање на спорот за името со Грција. В недела, според најавите од владата, во Преспа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат договорот, на церемонија која ќе се одвива на грчка и на македонска територија, а на која присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Слични содржини