И во 2020 година, овој холивудски пар ја оправда титулата најдобро облечен

Еден од омилените љубовни парови од светот на славните уште еднаш ги воодушеви обожавателите.

Пријанка Чопра и Ник Џонас ја започнаа 2020 година на сцената и тоа со бакнеж точно на полноќ. По концертот на браќата Џонас, тие се упатиле на приватна забава и таму спремно позирале, а неколку фотографии споделија и на Инстаграм.

„2019 година беше една од најневеројатните во мојот живот. Не можам да дочекам да видам што се ќе ни донесе 2020 година. Среќна Нова година на сите!“, напишал Ник во својата објава.

Освен бројните деловни успеси, овој брачен пар минатата година забележа успех и на модното поле. Имено, токму тие, според магазинот People, беа прогласени за најдобро облечени луѓе во 2019 година, што е прв пат оваа ласкава титула да ја понесе патр.

„Тоа е прв пат во историјата еден маж или пар да е на врвот на топ листата. Но, двајцата ја заслужија титулата“, рекла уредничката Андреа Лавинтал.

Но, токму со фотографијата од дочекот, уште еднаш, двајцата, докажаа дека заслужно ја носат титулата.

Слични содржини