И во домашни услови дезинфицирајте го својот работен простор

од Elena Daskalova

Правилата за одржување на хигиената на високо ниво важат и за оние кои работат од дома. Знаеме дека канцелариите не се најхигиенски, но тоа не значи дека треба да ја запоставите и домашната канцеларија.

Навиките за чистење на компјутерот применувајте ги и дома, со тоа што добро би било барем еднаш дневно да го пребришете со антибактериски дезинфекциски марамчиња. Направете го тоа внимателно и темелно.

Пребришете го бирото, маусот, задолжително и мобилниот телефон и потрудете се да бидете дисциплинирани и да ги следите советите и препораките дури и кога сте дома.

Во тек на пандемија најважно е да направите сè за да останете здрави. Ако веќе имате можност да работите од дома, бидете благодарни затоа што не сте меѓу оние кои сè уште мораат да се на работното место и да ги користат услугите на јавниот превоз.

Мијте ги рацете редовно, со сапун и вода, а по потреба користете и дезинфекциско средство за суво миење на рацете. Избегнувајте непотребни физички контакти и бидете послушни, само на тој начин ќе се заштитите себе и своето семејство.

Слични содржини