И во осмата деценија верува во љубов: Бил Мареј во врска со 29 години помлада пејачка

од Stefanija Kuzmanovska

Како што пренесуваат американските медиуми, холивудската легенда Бил Мареј повторно љуби и тоа 29 години помладата пејачка Келис. Тие двајцата самите предизвикаа гласини за врска откако 72-годишниот Мареј присуствуваше на настапот на 43-годишната на фестивалот Mighty Hoopla во јужен Лондон минатиот викенд.

Можеби немаше да има ништо од гласините, доколку Мареј не беше виден неколку пати на други настапи на прекрасната Келис. Двајцата не сакаа да ги коментираат наводите за врска, но извори блиски до двојката открија за медиумите дека се видени во ист хотел и дека „нивното зближување“ трае веќе некое време.

„Тие се запознаа во Америка, поради што луѓето „од индустријата“ почнаа да шепотат за се, а сега имаше средба во Лондон, каде што случајно се нашле и двајцата. Тие биле видени во истиот хотел, а тој ја придружувал на неколку концерти пред Mighty Hoopla. Што и да ги спои, и колку и да изгледа чудно, и двајцата се сингл и добро се забавуваат, и покрај големата разлика во години“, велат извори запознаени со приказната.

Бил Мареј беше оженет со Маргарет Кели (1981-1996), а потоа и со Џенифер Батлер (1997-2008), додека Келис беше во брак со раперот Нас (2005-2010) и во 2014 година. се омажи со Мајк Мора, кој почина од рак минатата година.

Слични содржини