Иако има само двајца новозаразени, мерките во Унгарија и понатаму важат

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа, еден пациент починал во Унгарија, а пријавени се два нови случаи, објавено е на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu.

Сепак, опасноста од епидемија сè уште не поминала, унгарските власти потенцираат и предупредуваат дека состојбата на подготвеност сè уште е на сила. Ова подразбира задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците.

Досега во Унгарија починале 589 луѓе, а 4.174 се заразени од почетокот на пандемијата, пренесува Танјуг.

Има 801 активни случаи, 140 се хоспитализирани, од кои осум се на респиратор, а уште 1.252 лица се во самоизолација.

Досега се излекувани 2.784.

Од вкупниот број на пациенти, 40 проценти заразени и 60 проценти починати се од Будимпешта.

Слични содржини