Ибра објави слика од венчавката на Верати, и кажа што мисли за новиот ПСЖ

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ е познат, освен по неговиот извонреден фудбалски талент и по честото рекламирање на социјалните мрежи. Има тука и смешна содржина, тој знае како и да испровоцира, а со новото соопштение откри што мисли за новиот ПСЖ.

Ибрахимовиќ се појави на венчавката на италијанскиот репрезентативец и европски шампион Марко Верати, а во друштво беа и Салваторе Сиригу, Езекиел Лавеци и Хавиер Пасторе. Тие порано играа заедно во ПСЖ, а од оние кои останаа на Паркот на принцовите, е само Верати.

Во времето кога Ибрахимовиќ и компанијата беа во Париз, „Светците“ владееја со Франција суверено. Откако ПСЖ не ја освои титулата оваа сезона и покрај супермоќниот тим, Златан објави приказна на Инстаграм со своите поранешни соиграчи, со опис „Вистинскиот ПСЖ“.

Слични содржини