Актуелно
Почетна / Спорт / Ибра останува во Милан и без пласман во ЛШ?

Ибра останува во Милан и без пласман во ЛШ?

Шведскиот стрелец Златан Ибрахимовиќ може да остане на „Сан Сиро“ следната година во тимот на Милан, дури и ако клубот не успее да најде место во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

„Росонерите“ работат на продолжување на актуелниот шестмесечен договор со напаѓачот, кој има опција за автоматско обновување доколку Милан најде место во ЛШ. Ова може да се направи без учество на најпрестижниот европски клупски турнир.

Според италијански „Тутопорт“, клупските газди Звонимир Бобан и Паоло Малдини веќе преговараат со Швеѓанецот за потпишување на нов договор, иако „росонерите“ се оддалечени 9 бода од 4-тата Аталанта.

loading...