Ибра останува во Милано за 6 милиони евра

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ и следната сезона ќе остане во Милано за загарантирана плата од шест милиони евра, пренесува „Газета дело спорт“.

Ибрахимовиќ, кој на 3 октомври ќе наполни 39 години, ќе има и одредени бонуси – 500.000 за освојување на Лигата на Европа, 500.000 за пласман во ЛШ, како и паричен додаток за бројот на голови.

Ибрахимовиќ го започна својот втор мандат во Милано во јануари, откако ја заврши американската епизода во Л.А. Галакси.

Тој постигна десет гола на 18 одиграни натпревари во Серија „А“ и уште еден на два натпревари во Купот на Италија.

Слични содржини