Ибра: Прави ги со мајка ти оние вуду С* ања! Лукаку: Да те е*ам и тебе и твојата жена … И тоа не е крај!

од Stefanija Kuzmanovska

Дерби дела Мадонина не остави рамнодушен ниту еден љубител на фудбалот што го следел натпреварот. Интер го победи Милан по продолженија (2:1) и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија.

Закачки, замена на главниот судија поради повреда, голови, исклучување… Сè има на Сан Сиро. Сепак, во фокусот беа Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку. Помалку поради фактот што и двајцата беа стрелци, но и затоа што жестоко се скараа и беа на раб на инцидент. Да немаше играчи да интервенираат, кој знае како ќе завршеше нивниот вербален судир.

„Честење“ имаше на „кило“. Изненадувачки е што сè излезе вака затоа што тие играа заедно во Манчестер Јунајтед. Бидејќи меѓусебно се навредувале на англиски јазик, целата планета успеа да разбере што зборуваат.

Кавгата започна по прекршокот на Ромањоли против Лукаку. Напаѓачот на Интер фрли нешто кон Златан, тие застанаа едни покрај други, а потоа Ибра го удри Лукаку во брадата, не сепак силно. Тие добија жолти картони, а потоа почнаа да „летаат“ навреди и пцовки во сите правци.

Лукако: Ајде, ајде да излеземе надвор!

Ибрахимовиќ: Магаре, јави и се на мајка ти и правате ги оние вуду с*ања

Лукаку: Да те е*ам и тебе и твојата жена. Сакаме малку од твојата мајка, бидејќи таа е к*рва!

Првото полувреме заврши наскоро, играчите се упатија кон соблекувалните, Лукаку се упати кон Ибра. Бесен, подготвен за борба. Едвај го задржаа…

Слични содржини