Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во шведската репрезентација по пауза од пет години, пренесува италијански „Скај Спорт“.

Според медиумот, името на Ибра се очекува на списокот на селекторот Jане Андерсон за квалификациските натпревари за Светското првенство во Катар во вторник.

Во овој мартовски циклус, Швеѓаните ќе играат против Грузија и Косово, како и пријателски меч против Естонија, а наводно договорот за враќање на Златан епостигнат во ноември – кога беше виден разговор меѓу него и Андерсон.

– Кога Златан ја отвори можноста да игра за националниот тим, беше природно да се сретнеме што е можно побрзо и да разговараме за тоа. Драго ми е што го сторивме тоа брзо – рече Андресон на почетокот на март, додека неговиот список, со Ибра, наскоро се очекува.

Во прилог на Косово и Грузија, Швеѓаните се уште се во групата со Шпанија и Грција. Само првопласираниот оди на СП, додека второто место од групата ќе игра поспецифичен бараж кога станува збор за квалификациите.

Ќе има 12 селекции, а од тие 12 само три ќе одат на СП. УЕФА ќе ги подели во три групи од по четири екипи, а полуфиналето и финалето ќе се игра така што секоја група ќе има по еден учесник.

Слични содржини