Ибра со подарокот го насмеа папата: „Во ова правам магии на теренот“

од Vladimir Zorba

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ го посети Ватикан и по тој повод се виде со папата Франциск, за кого имаше и подарок.

Според медиумите во Италија, Ибрахимовиќ имал точно два подарока за поглаварот на Католичката црква: неговата најнова книга „Адреналин“ и дресот на Милан со број 11. А при предавањето на дресот, Златан дури успеал да го насмее папата.

„Дали ви се допаѓа Милан? Во овој дрес правам магија на теренот“, изјавил Златан.

Инаку, Ибрахимовиќ во споменатата книга „Адреналин“ признава дека не верува во Господ и тоа го објаснува со овие зборови:

„Не верувам во Господ. Само во себе. Така научив да ја претворам омразата кон себе во оружје. Како дете бев тежок, проблематичен. Само што се родив, ме испуштија од метар височина. Целиот живот беше тежок. Бев различен во училиште; другите беа плавокоси, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, се движев на друг начин. Родителите на моите соученици потпишаа петиција да ме исфрлат од часовите. Секогаш ме пратеше омраза. И прво реагирав лошо. Се изолирав. Подоцна научив како да ги претворам страдањата и омразата во сила“.

Слични содржини