Ибрахими: Ова ВМРО се разликува од старото, ако се однесуваат како Груевски тогаш ќе ни се разминат патиштата…

од Илинка Илиоска
529 прегледи

Поканет во емисијата Клан дебата во Клан Македонија, Зеќирија Ибрахими од ВЛЕН рече дека ова ВМРО се разликува од она на поранешниот премиер, Никола Груевски.

„Ова ВМРО веројатно не е исто како на пријателот на Али Ахмет, Груевски, ниту на пријателот на Артан Груб, Мијалков. Ако ова ВМРО стане како старото, нема да ни биде доцна да преминеме во опозиција. Зборуваме за ВМРО кое го претставува неговото гласачко тело и го почитуваме, но ако се врати поранешното ВМРО, тогаш нема да остане простор за владеење. Долги години сме во опозиција, може да останеме уште“, рече Ибрахими.

Тој додаде дека ВЛЕН ќе биде гаранција за заштита на меѓународните договори во совладеење со ВМРО.

„Претседателката Силјановска или Мицкоски не кажаа дека не го почитуваат Договорот од Преспа. Како Албанци ќе бидеме во владата за да го заштитиме тој договор, а не да го ревидираме. Ја уверуваме и меѓународната заедница дека ВЛЕН е гаранција за почитување на договорите“, рече Ибрахими.

Слични содржини