Ибрахимовиќ има коронавирус!

од Nikola Popovski

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, објавија италијанските медиуми.

Тој нема да биде дел од Милан за натпреварот против норвешки Бодо/Глимт во 3. коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Како што се наведува, напаѓачот на „росонерите“ нема никакви симптоми.

Засега, медиумите наведуваат дека само тој е позитивен, иако тој број може да биде значително поголем, бидејќи Ибрахимовиќ бил во директен контакт со многу соиграчи до пред само два дена.

Швеѓанецот постигна три гола на првите два натпревари од новата сезона и за десет дена ќе го прослави својот 39-ти роденден.

Слични содржини