Ибрахимовиќ: Можам да играм на мое ниво до 50-годишна возраст

од Maja Serafimova

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ изјави дека може да игра фудбал на негово ниво до 50-годишна возраст. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец ќе стане слободен агент во зима по истекот на договорот со Лос Анџелес галакси.

Главните кандидати за негов ангажман се Милан и Болоња.

-Можам да играм на мое ниво до 50-годишна возраст. Ако има тим што ме интересира, јас сум подготвен да го сторам тоа. Само што завршив да зборувам во Галакси. Беше неверојатно, неизбришлив впечаток ќе ми остане во сеќавање. Ја сакав оваа авантура. Сега двајца станаа херои на два света: Јас и Џузепе Гарибалди, изјави Ибрахимовиќ.

Тој во минатото настапуваше за европските фудбалски великани: Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.

Слични содржини